Деновиве, екипите на ЈП „Улици и патишта“ работат на обновување на пешачките патеки покриени со бела ризла во првиот дел на Градски парк.
Работниците, како што информираат од Град Скопје, со механизација и рачно ќе нанесат околу 20 тони бела ризла на постојните патеки на коишто на одредени делови беше изникната трева или од обилните врнежи од дожд беше однесена ризлата.