Огромни дупки почнаа да се отвораат на патиштата во Србија. Автомобилот во кој бил белграѓанецот Бојан Тодоровски пропаднал во дупка која се отворила на една од градските улици и притоа возачот бил полесно повреден.
Дупката на улицата се отворила одеднаш, а автомобилот пропаднал во неа со левото тркало.
Во инцидентот било оштетено ветробранското стакло, а возачот со полесни повреди бил пренесен во болница.