(ФОТО) Се појавија нови фотографии од ултра-луксузната вила на Заев на Халкидики

На социјалните мрежи од утринава се појавија нови фотографии од вила во Грција, за кои објавувачот тврди дека се токму од вилата за која бугарските медиуми тврдат дека е на семејството Заеви.

Според објавите на Twitter, и овие фотографии се направени во истата вила.

„Хациендата на Заев…Вие скенирајте фискални и купувајте домашно…“ – се вели во објавата.

 


Бугарските медиуми „Биг5.бг“ и „Афера.бг“ претхдно објавија фотографии за кои тврдат дека се од вилата на семејството Заеви, вила која се наоѓа на Халкидики во елитниот комплекс „Вила Агониси“.

Според истите медиуми, имотот не е регистриран на име на премиерот Зоран Заев, туку најверојатно на компанија која е на име на неговиот брат Вице Заев, или на некоја од неговите фирми во Македонија.

Владата во неделата доцна вечерта демантираше дека Зоран Заев има имот на негово име во Грција, но не и дека некој во негово име поседува имот на Халкидики.