(ФОТО) Се поткупуваат Ромите во Битола да излезат на референдумот

Поради малата излезност на референдумот, во Битола се поткупуваат Роми за да излезат на гласање, објавува порталот Лидер.

До редакцијата на Лидер беше испратена фотографија на која се гледа како маж, со автомобил со регистарски таблички БТ-7680-АД, поткупува гласачи од ромската населба во Битола, за да излезат да гласаат на референдумот, пренесе порталот.