(ФОТО) Се урна белгиски ‘F-16’, пилотот остана да виси на електровод

Авиониот од типот „F-16“ на белгиската армија се урнал во четвртокот во Франција, а едниот пилот останал да виси на електричен вод, соопштија властите.

Двајцата пилоти се катапултирале во близина на Лориен во Бретања, соопшти белгиското министерство за одбрана. Се наведува дека авионот не носел вооруќување.

Весникот Le Télégramme објави фотографија направена од голема оддалеченост на која се гледа како падобренец виси на далновод. Друга фотографија прикажува црн чад над тоа место и оштетен покрив на една куќа.

Авионот се урнал во близина на градот Плувиње. Еден од пилотите бил спасен, а другиот кој паднал врз далноводот бил извлечен од спасувачките екипи. На подрачјето каде се урна авионот, никој не е повреден. Портпарол на полицијата изјави дека 100 полицајци пристигнале на местото на несреќата и го испитуваат случајот.