Дел од пристанишните силоси за жито во либанската престолнина Бејрут се урнале во неделата попладнето, подигнувајќи голем облак прашина и чад, речиси две години откако на истото пристаниште во голема експлозија на хемикалии загинаа над 225 луѓе а пристанишната инфраструктура речиси уништена.
Пожар избувнал во северниот дел на силосите пред околу три седмици кога од блиските квартови можеше да се види портокалова светлина, а либански функционери уште минатата седмица предупредија дека дел од силосите би можело да се урне.
Засега нема информации за загинати или повредени.
Жителите на блиските населби велат дека повеќенеделниот пожар кој тлеел во пристаништето повторно кај нив ја разгорел траумата од експлозијата пред две години, за која досега никој не одговараше.
Функционерите велат дека било тешко да се изгасни огнот кој горел во силосите, а според нивните тврдења е последица на ферментација и спалување на преостанатото жито.
На 4-ти август 2020 година во бејрутското пристаниште се случи голема експлозија на хемиски средства складирани таму речиси седум години. Притоа покрај бројните жртви источниот дел од Бејрут беше речиси потполно уништен. Десетици илјади жители на либиската престолнина тогаш останаа без покрив над главата.