Попладнево на отворена пруга се запали локомотива кај железничката станица „Рајко Жинзифов, пред Велес.
Според првичните информации, станува збор за електрична локомотива. Пожарот е изгаснат, а за среќа нема повредени.
Се прави увид и проценки за оштетеност на пругата, а локомотивата е целосно изгорена.