![Capture](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/Capture-2.jpg?resize=696%2C403&ssl=1)
Во неделата беше покрената истрага за катастрофалната несреќа на автопатот во централна Германија во која во саботата загинаа седум лица.
Доцна во саботата попладнето три автомобила жестокот се судриле во кривина, при што две од возилата целосно изгореле. Во недела вештак треба да го прегледа местото на несреќата кај градот Бад Лангенсалце во сојузната покраина Тирингија, кое според полицијата бил затворен во текот на ноќта.
Покрај загинатите има и тројца повредени, според пожарникарите, од кои еден во неделата наутро сѐ уште е во животна опасност. Нема информации за идентитетот на жртвите.
Несреќата се случила на долга кривина на делницата Б247, каде што патот има само по една коловозна лента во секој правец. Според првичните информации, еден од автомобилите од неразјаснета причина преминал на спротивната лента и се судрил со две возила кои доаѓале од спротивниот правец.
Остатоците покажуваат колку мора да бил насилен судирот: два автомобила се уништени до непрепознатливост, при што едни од јагленосаните остатоци лежеа над оградата, а другите оставени на патот со сосема изобличена каросерија. Третиот автомобил лежеше превртен покрај патот.
Сите жртви загинале во своите возила. Според полицијата, телата можеле да бидат извлечени само откако пламенот бил изгаснат.