
Конгресменката Кети Хил (32) била во врска и со својата женска и со својот машки помошник, а сега се појавија и фотографии.
На фотографиите се гледа како конгресменката oд Калифорнија, Кети Хил позира гола и се бакнува со својата помошничка Морган Десџардинс (24), додека држи бонг за пушење марихуана.
Скандалозни фотографии на првата отворено бисексуална конгресменка од Калифорнија ги објави „Дејли меил“ ,еден ден откако беше покрената истрага против неа во врска со тврдењата дека имала секс со двајца млади асистенти, маж и жена.
Shocking photos of Congresswoman Katie Hill are revealed as she's seen posing nude on 'wife sharing' sites https://t.co/HbnAWoV5Ou pic.twitter.com/MgWCRII9CM
— Daily Mail US (@DailyMail) October 24, 2019
Адвокатите на младата конгресменка од партијата на Демократите побараа британскиот весник да ги отстрани контроверзните фотографии затоа што станува збор за „закана за приватноста“. Тие исто така негираа дека тетоважата на телото на конгресменката има никаква врска со нацистички симболи, пишува „Хафингтон пост“.
Тоа е само продолжение на скандалот што почна откако сопругот на Кети, Кени Хеслеп, кој во моментов се разведува од неа , дозна на почетокот на годинава на Фејсбук дека жена му е во врска со колегата Греам Кели.
„Отпрвин не побарав развод затоа што беше бисексуална. Само што не знаев дека таа ја направила нашата врска отворена“, напиша Хеслеп на социјалната мрежа. Во јули, сепак, тој ги предаде документите за развод.
Хил ги негираше обвинувањата и тврди дека нејзиниот сопруг ја злоупотребил за време на деветгодишниот брак. „Тој реши да ме понижи заради прекинот“, вели таа.
https://www.instagram.com/p/Bj8lUvNglOz/?utm_source=ig_embed
Додека сите зборуваа за политичарката и нејзината врска со машки колега, таа потврди дека спиела со млада колешка која работела на нејзината изборна кампања во 2017 година.
“За време на последната година од мојот лош брак, започнав врска. Знам дека е несоодветно, но дозволив да се случи иако не беше разумно. Се извинувам за тоа”, напиша Хил на Твитер.
#new #California Democrat #KatieHill admits affair, apologizes, promises to work with Ethics Committee. pic.twitter.com/SZPXKGkEVl
— Kevin Corke (@kevincorke) October 24, 2019
Интересно е што лезбејската врска на сопругата на Хеслеп, која траеше повеќе од една година, не му пречеше.