ФОТО: „Селфи“ на Заев во Дива населба

Во обид за политичко поентирање и маркетинг Зоран Заев направи посета на Дивата населба во Куманово каде вчера и завчера имаше голема полициска акција за сузбивање на опасната терористичка група.

Она што наиде на остра осуда од јавноста и жестоки реакции по социјалните мрежи е тоа што Зоран Заев го искористи моментот, во период кога Македонија жали по 8те прерано згаснати животи на македонски полицајци тој насмеан и среќен прави селфи од лице место на настаните и во позадина се надзираа рушевини кои говореа за сериозноста на акцијата, пишува Курир.

zaev1

Индикативно е што Зоран Заев не ги прокоментира ниту се извини за повиците за смрт на македонските полицајци кои ги даде сдсмовскиот пулен Тричковски, ниту пак исмевањата од Шилегов дека полицајците си играат камај во Куманово,  кој денес можеше да се забележи токму позади Заев.

Ниту Зоран Заев ниту некој од раководстцвото на СДСМ досега не пројави никаков интерес и не ги посети ниту повредените 38 полицајци од акцијата во Куманово, ниту пак специјалците од полицијата кои учествуваа во самата акција.

Изминатото деноноќие во Скопје се појавија графити со прашање Заев задоволен си? Лавината коментари на социјалните мрежи се: Заев се враќаш ли како злосторник на лице место на настаните? Како не ти е срам. Не ги посети полицајците ниту повредените а истрча во Куманово? Дно….

grafit

grafit1

grafit2