(ФОТО) Семакедонскиот протест пред ЕУ и Собранието

Стотици граѓани се собраа пред ЕУ инфо центарот и се упатија кон Собранието.

Протестиот наречен „Семакедонски собир“ што беше закажан за 17 часот пред седиштето на ЕУ започна со присуство на околу 200-тини лица. Како минуваше времето, бројот на присутни се зголемуваше, па кога масата тргна кон Собранието на РМ бројката беше поголема, но значително помала од митинзи кои се одржувале на сличен начин.
Овде беа за да изразат револт за како што тие велат омаловажувањето на македонскиот национален идентитет, подршка имаат и од свештенството на МПЦ.