![seve-vo-bikini-go-zapali-instagram](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/07/seve-vo-bikini-go-zapali-instagram.jpg?resize=640%2C400&ssl=1)
Поп-ѕвездата Северина Вучковиќ се уште одмора на Јадранското Море. Таа минатиот викенд заедно со нејзиното момче Игор Којиќ (28) пристигна во Сплит.
Како и секогаш Севе ги известува своите обожаватели за се што прави. Па така и годинешните летни авантури пејачката ги споделува на социјалните мрежи.
Фаталната Севе своите фанови ги развесели со интересна фотографија во жешко бикини.
– Каде се капеш, каде собираш школки, каде газиш морски ежиња и мали полжави – напишала Северина под фотографијата.
Фановите се воодушевени од нејзиното тело и следеше лавина коментари и комплименти за совршениот изглед и за тоа дека е згодна мајка.