Хрватската пејачка Северина Којиќ ги „почести“ своите придружници со фотографија на која е речиси гола во када.
Откако прими вакцина за коронавирусот, Северина замина на егзотичните Малдиви, од каде редовно објавува фотографии во бикини. Сега пејачка отишла чекор подалеку, па во низата фотографии објавила и една на која е топлес.
Северина уште минатата недела започна со серија фотографии од Малдивите. Прво објави една необична – на плажа со велосипед. Во описот, таа напиша дека не знае ништо и дека е таму со велосипед, а посебно внимание привлече нејзиниот огнено црвен костим за капење.
Сепак, најмногу внимание и коментари заработи со најновата во низата фотографии, онаа на која е топлес во кадата.
„Каков поглед“, напиша кратко Северина, осврнувајќи се на природните убавини на пејзажот во кој ужива додека лежи полугола во кадата.
Фотографијата на која Северина е топлес, е третата по ред во низата фотографии подолу:
ФОТО: Инстаграм