Северна Кореја ја прослави 73-годишнината од своето основање со ноќна воена парада во главниот град Пјонгјанг, пишуваат во четвртокот државните медиуми пренесувајќи фотографии од парадата со учесници во портокалови заштитни одела, но без вообичаените балистички ракети.
Лидерот на комунистичката држава под остри меѓународни санкции, Ким Џонг-ун, присуствувал на парадата на кој армијата и Црвената гарда на работниците и селаните, најголемата цивилна одбранбена формација во земјата, марширале на плоштадот Ким Ил Сунг во Пјонгјанг од средата на полноќ по локално време, пренесува државната новинска агенција KCNA.
Главното гласило на владејачката севернокорејска Работничка партија, Rodong Sinmun објавува фотографии на луѓе во портокалови заштитни одела и заштитни маски кои маршираат покрај вооружените војници.
На парадата било прикажано и традиционалното вооружување, како што се ракетни фрлачи и противтенковски проектили. Но во меиумските извештаи нема снимки ниту од балистичките ракети, а не се споменува и дека Ким одржал говор, за разлика од минатата година, кога зборуваше за нуклеарните способности на капацитетите и ги презентираше дотогаш неприкажаните интерконтинентални балистички проектили кои можат да носат нуклеарна боева глава.
„Редовите за превенција на епидемија и министертвото за јавно здравје беа полни со патриотски ентузијазам за прикажување на предноста на социјалистичкиот систем ширум светот, а истовремено цврсто да се штити безбедноста на државата и народот од светската пандемија“, пишува KCNA.
Северна Кореја не пријави ниеден случај на Covid-19, но ги затвори границите и воведе строги превентивни мерки, прикажувајќи ја пандемијата како прашање на опстанок на нацијата.
Јанг Му-џин, професор на Севернокорејските студи во јужнокорејската престолнина Сеул, за Reuters тврди дека изостанувањето на стратешкото вооружување и насоченоста на јавната сигурност покажуваат дека Ким се фокусирал на внатрешните прашања како што се епидемијата како што се епидемијата на коронавирусот и стопанството.
„Се чини дека парадаа е строго осмислено како домашен фестивал чија цел е промовирање на националното единство и силидарноста на режимот. Немаше нуклерно оружјеа Ким не се обрати, што би можело да значи дека одлучил да остане настрана и да остави простор за маневаер во идните разговори со САД и Јужна Кореја“, вели Јанг.
Преговорите за запирање на севернокорејската нуклеарна програма запреа од 2019 година. Администрацијата на сегашниот американски претседател Џо Бајден најави дека ќе бара дипломатски пат за денукеларизација на Корејскиот полуостров, но не покажа волја да ги прифати повикот на Северна Кореја да ги ублажи острите санкции.
Заживувањето на меѓукорејските директни телефонски врски во јули ги вратија надежите во враќање на преговорите за денуклеаризацијата. Меѓутоа, Северна Кореја потоа престана да ја користи врската, поради тоа што Јужна Кореја и САД во август ги оддржаа своите редовини масивни воени вежби, кои Пјонгјанг ги оценува како закана за безбедноста и предупреди дека може да поттикне поширока безбедносна криза во регионот.