Шест лица загинаа и неколку други се повредени во пожар во станбен објект во Брчко во БиХ. Повредените се пренесени во болницата Брчко каде им била укажана лекарска помош.
Локални медиуми јавија дека при интервенцијата пожарникарите спасиле четири деца на првиот кат од објектот.
Пожарот се случил во саботата утрото околу седум часот. Засега нема информации за причината за пожарот.
Денот на погребот на жртвите ќе биде прогласен за ден на жалост, објавија локалните власти.