ФОТО: Силно невреме во Демир Хисар

Силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и силен ветер попладнево го зафати регионот на Демир Хисар.

Поради големата количина на дожд која наврна за само 20 минути главните улици се претворија во реки, а делови на градот се без електрична енергија.