Силно невреме проследено со дожд, ветер, град и силни грмежи вчера го погоди Дубровник.
Грмежите не само што биле силни, туку и често удирале по градот, во куќите и стеблата, пренесуваат хрватските медиуми.
Градот бил со големина на грашок, а според податоците на Метеоролошката станица во Дубровник, за само два часа наврнало 91 литар дожд на метар квадратен.
Според информациите дубровачките пожарникари имале три интервенции на испумпување на поплавените објекти.
Ударите од гром предизвикале и пожар кој набрзо бил изгаснат.