ФОТО| Симпатизерите на Палестина протестираа во Лоднон против постапките на Израел во Газа

Илјадници пропалестински демонстранти маршираа во саботата во центарот на Лондон повикувајќи на запирање на израелското воено дејствување во палестинската енклава Појасот Газа, започната откако милитантните групи на исламистичкото движење Хамас изведоа смртоносен напад во Израел.

Демонстрантите, од кои мноштво вееја палестински знамиња и носеа натписи „Слободна Палестина“, се собраа во близина на крстосувањето на Оксфорд Сиркл, од каде заминаа кон Даунинг стрит, официјалната резиденција и кабинетот на британскиот премиер Риши Сунак.

Ги прозиваа, исто така, владите на Велика Британија и на Соединетите држава поради нивната поддршка за Израел. Меѓу нив бепше Белал Ститан, 22-годишен студент, изјави за Reuters дека стравува за судбината на своите роднини во Газа.

„Никому во Газа не му е добро. Целото мое семејство е во Газа и никој од нив не е добро… Оваа ситуација е голем, голем проблем за човештвото и за мене што морам да му порачам на светот: ‘Сетете се дека сме човечки суштества’. Не можам да верувам дека дојде до ова“, вели Ститан додавајќи дека сака да се врати за да може да раззговара со своите роднини за нормалните работи, како што се фудбалот и за тоа како им е на училиште.

Асмат Малик, 29-годишна аптекарка, изјави дка луѓето се гневни поради она што го сметаат за повеќедецениско угнетување на Палестинците.

„Меѓутоа, тоа не значи дека луѓето воопшто го одобруваат Хамас, бидејќи да се биде за Палестина не значи да се биде антисемит. Мислам дека тоа е исклучително важно да се истакне“, додава Малик.

Лондонската полиција пред почетокот на „Маршот за Палестина“ предупреди дека ќе ги уапси оние коишто ќе носата знамиња и пароли во знак на поддршка на Хамас или други групи коишто Велика Британија ги означила како терористички.

Полицијата по заршувањето на протестот објави дека уапсила седум лица, четири затоа што одбиле од лицата да ги симнат маските, наспроти казните за оние коишто не ги носеа на протестите поради антипандемиските манифестации.

Пропалестински протести се одржаа во саботата и во другите градови во Велика Британија и ширум светот.