
Мишел Обама, првата дама на САД ги остави сите без здив на традиционалната кинеска вечера во Белата куќа.
Таа се појави облечена во долга црна тоалета дизајнирана од Вера Ванг, тесна во горниот дел и благо проширена во интересен волуменозен карнер надолу.
Со својот сексапил Мишел мамеше погледи на сите страни. Косата и беше навиткана и прфрлена на страна, а што се однесува до шминката, таа се одлучи за smokey eyes и нежен кармин.
Вечерата беше во чест на кинескиот претседател, а на истата присуствуваа голем број политичари, амбасадори и бизнисмени од сите делови на светот.