(ФОТО) Скопјани во егзодус, километарски колони на излезите од градот

Откако вчера експресно Владата потврди дека од денеска во Скопје во 21 часот стартува 80 часовниот карантин кој ќе трае до понеделник до 5 часот наутро речиси граѓаните не се двоумеа многу, веднаш заминаа надвор од него.

Споениот викенд е добредојден за речиси сите граѓани кои имаат викендици надвор од главниот град, особено во местата каде рестриктивните мерки и карантинот не важат во целост.

Фотографиите до кои дојде редакцијата на КУРИР јасно покажуваат дека граѓаните сепак овој продолжен викенд нема да останат дома.