Скопските полицајци вчеравечер спречиле шверц на окоу два тони мобилни телефони спакувани во палети, дознава НетПрес.
Мобилните уреди биле од премиум модели од марките iPhone и Samsung. Според првичните неофицијални проценки станува збор за околу 10.000 мобилни телефони вредни најмалку околу 7 милиони евра.
Скопската полиција за заплената веднаш го известила надлежното јавно обвинителство, но и пријавила и во службата за мобилна царина. Се чека Царинската управа да истражи како оваа огромна пратка успеала да влезе во земјава незабележано.