Речиси сите кафеани, ресторани, кафулиња и останати дуќани на популарниот скопски Кеј, покрај Градскиот трговски центар, претрпеа огромни материјални штети по синоќешното големо невреме, проследено со силен ветер, пороен дожд и град, а на крајот проследено со земјотрес со јачина од 3,7 степени, кое го погоди главниот град на Македонија.
Утринава вработените ги расчистуваат разрушени тенди, скршените стакла и другиот неред кој го остави разбеснетата природа.
Инаку, вчеравечер од големото невреме поплавени беа неколку скопски населби, а по паѓањето на градот со големина како орев, речиси сите улици во центарот на Скопје беа бели и излегаа како да наврнал снег. Материјалната штета е огромна, а се очекува денеска надлежните институции да излезат со прецизни информации.