ФОТО: Службено возило на Министерство за култура предизвика тешка сообраќајка пред Собрание

Службено возило на Министерството за култура направило тежок сообраќаен прекршок денеска пред Собранието, вртејќи полукружно на булеварот преку две полни линии и удрило во мотоциклист.

Како што неофицијално дознава „Нетпрес“, во сообраќајката што се случила на крстосницата кај Собранието и Градската болница „Наум Охридски“ возилото марка „Пежо“, сопственост на Министерството за култура, удрило во мотоциклист, кој е повреден и однесен во Градската болница.

На местото на настанот полицијата врши увид.