Во торнадата што зафатија делови од централниот дел на САД животите ги загубија најмалку десетина луѓе и оставија траги на разорувањеа, а синоптичарите предупредуваат на дополнително влошување на времето во текот на продолжениот викенд на Денот на сеќавање во понеделник.
Најмалку седум лица, меѓу кои две деца на возраст од 2 и 5 години, загинаа во Тексас кога силно торнадо ги зафати заедниците во северниот дел на државата во близина на границата со Оклахома ноќта од саботата кон неделата, изјави шерифот на округот Кук Сапингтон. Многу луѓе се здобиле со различни повреди. Размерите на катастрофата станаа јасни во неделата, додека официјалните лица се приближија до крајот на операцијата за пребарување и спасување.
Канцаларијата на шерифот извести дека бројни приколки во најтешко погодената област „целосно исчезнале“, а други претрпеле голема штета од бурата, за која Сапингтон проценува дека оставил 400 метри широка патека на унишувањето, во должина од 4,8 до 6,4 километри.
Торнадо, исто така, го опустоши округот Дентон, северозападно од Далас, во саботата ноќта, оштетувајќи ги домовите и другите имоти и соборувајќи далноводи. „Бројот на повредени и видовите на повреди засега не се познати бидејќи спасувачките напори сѐ уште се во тек“, соопштија локалните власти на Facebook.
Стотици илјади потоѓувачи останале без струја низ поголемиот дел од земјата, вклучувајќи ги сојузните држави Арканзас, Мисури и Тексас во неделата. Властите во Арканзас, исто така, известија за неколку смртни случаи поврзани со невремето, додека патиштата беа затворени и блокирани од остатоци, соборени дрвја и далноводи, а торнадото уништило и бројни домови и деловни објекти, со многу повредени.
Невремето предизвикало голема штета и најмалку два смртни случаи во делови на Оклахома, каде што официјалните лица го активираа Центарот за итни операции за да ги координираат напорите низ државата. Во Индијана лошото време го одложи почетокот на познатата автомобилска трка Инди 500.
Откако направија хаос во централните држави, бурите се префрлија на исток во неделата и се очекуваше да се спојат во поголем комплекс на грмотевици, што се заканува да донесе уште поопасно време во делови од Охајо, Кентаки, Мисури и Тенеси. Националната метеоролошка служба предупреди на штетни ветрови, голем град и повеќе торнада во погодените области.
Последниот напад на екстремни временски услови доаѓа само неколку дена откако силно торнадо го зафати руралниот град Ајова, убивајќи четири лица, а повеќе торнада го погодија Тексас минатата седмица.
Во меѓувреме, САД се подготвуваат за она што владините прогнозери го нарекуваат потенцијално „вонредна“ сезона на урагани во Атлантикот во 2024 година, која започнува на 1 јуни.