Со автомобил „опел астра“ рано утринава влетал во нотарска канцеларија лоцирана на крстосница во Автокоманда на булеварот „Александар Македонски.“
Оштетувањето на објектот и автомобилот е големо, а за среќа возачот поминал со лесни повреди. Од МВР за Курир информираат дека несреќата е случена утринава околу 5:35 часот.
-А.Р. (29) од Скопје управувајќи автомобил „Опел Астра“ со скопски регистерски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во објект лоциран на булеварот „Александар Македонски“, велат од МВР за Курир.
Лицето било пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му се констатирани повреди и му е укажана лекарска помош.
Од МВР додаваат дека полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.