Две членки од контроверзниот бeнд Пуси Рајот биле нападнати со киселина и крвнички удари од разбеснета толпа.
Девојките тврдат дека во нападот се здобиле со изгореници од киселина и модринки.
Марија Аијокина и Надежда Толокоњикова беа прекриени со „зелени дамки”, бидејќи биле нападнати од “организирана група” на млади со антисептик, солзавец во спреј и оружје.
Во видео записот кои го објавија Pussy Riot може да се видат шест момчиња, со патриотски обележја на Русија, како ги навредуваат , додека ги напаѓаат панкерките во ресторан на “McDonalds” во Нижни Новоград.
Адвокатот на групата, Јевгениј Губин, за агенцијата Интерфакс исто така навел дека кон девојките, напаѓачите фрлале и метални предмети.
Толокоњикова на Твитер го објави и лекарскиот извештај во кој пишува дека има хемиски изгореници во пределот на очите, лицето и раката.
Аијокина вели дека се здобила со потрес на мозок и дека е шиена на неколку места во пределот на челото.
Руска полицијата го истражува овој инцидент.