Софија Вергара однесе гламур на доделувањето на Еми наградите. 44-годишната актерка блескаше додека чекореше покрај својот 24-годишен син Маноло на црвениот тепих во Лос Анџелес.
Атрактивната Колумбијка преферира креации кои ја истакнуваат нејзината привлечна фигура, па не направи исклучок и за оваа холивудска церемонија. Таа избра тесен фустан на едно рамо од Версаче, кој го искомбинира со луксузен накит од Лорејн Шварц и обувки од Џузепе Ѕаноти.