Едно лице е полесно повредено во сообраќајна несреќа што се случила кај надвозникот во село Мрзенци, на автопатот А1 Скопје-Гевгелија. Сообраќајот на оваа делница се пренасочува, потврдија од МВР.
Од полицијата информираат дека 27 годишната Б.Т. е полесно повредено во сообраќајна несреќа меѓу две возила на автопатот. Повреденото лице е пренесено во гевгелиската болница.
– Нема застој во сообраќајот, рече Рендевска и додаде дека за краток период сообраќајот ќе биде целосно нормализиран.
Во сообраќајната несреќа учествувала и потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.
Според информациите, џипот „митсубиши пајеро“ кој го управувал таткото на Шеќеринска, 68 годишниот А.Ш. а во кој покрај заменичката на Заев се превезувала и нејзината мајка имал судир со автомобил „шевролет авео“ со гевгелиски регистарски таблички управуван од 29 годишната Б.Т. која по несреќата се пожалила на повреди и била префрлена во болница.
Шеќеринска не била повредена, иако возилото било многу оштетено.
Од СДСМ најавија наскоро соопштение во врска со настанот.
ФОТО: Пулс24.мк