Сообраќајна несреќа се случи утрoво на булеварот „Партизански Одреди“ спроти Симпо, пренесува Курир.
Како што информираат од полицијата во сообраќајната несреќа учествувале автомобил „Опел“ со скопски регистерски ознаки и автобус на ЈСП.
До овој момент нема пријава за повредени лица. Полицијата е излезена на местото на несреќата и врши увид.