![abi kolvin](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/abi-kolvin.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Бен Девис играше во втората и третата англиска лига, а потоа преку ноќ стана англиска фудбалска ѕвезда, откако Клоп го донесе од Престон во Ливерпул.
Медиумите во Британија прво му ископаа дека пред извесно време продавал мебел преку реклами, а сега тема е и неговата сопруга.
Аби Колвин е 23-годишна девојка со која Бен има два сина. Покрај тоа што редовно ги објавува своите привлечни фотографии на Инстаграм, неговата сопруга е тесно поврзана и со добротворни организации кои се борат против ракот.
Таа стана особено популарна по тоa што беше фотографирана во танга во име на борбата против ракот на дојка.
„Адвокатка со секси тетоважи“, е името што веднаш и го дадоа локалните медиуми.