
Подгответе се овие хеланки да ги носите заедно со тренди патики, широки маици и мантили без ракави.
Благодарение на големиот број дизјанери како што се Стела и Александар Ванг, ready-to-wear модата одамна се преплетува со парчињата спортска облека што голем број модели, како што е бомбер јакната, ги вивна повторно во епицентарот на модните трендови.
Меѓу нив се секако и хеланките што ги следи негативната репутација, односно паролата дека се наменети само за во теретана. Ако го прашате Карл Лагерфилд, тие исто така се и ваш пораз, односно признание дека немате ниту трошка креативност ниту чувство за стил.
Сепак, во овој миг има голем број трендови. Новите хеланки се изработени од памук и еластин, ја следат линијата на ногата и најчесто имаат необични процепи, што ги прават посовремени и поатрактивни, односно, поинакви.