(ФОТО) Спасени туристи кои паднале во провалија во охридско, планинската спасителна служба во итно реагирале

Планинската спасителна служба (ПСС) вчера околу 11:15 часот била алармиран од група домашни туристи, кои со изнајмени АТВ возила изведувале авантуристичка Off Road тура, при што едно возило со двајца патници излетало од патот и се превртело во провалија длабока десетина метри.

Екипа од ПСС веднаш се упатила на терен, а оперативниот центар ги известил СВР Охрид и Итната Медицинска Помош.

-Тимот на ПСС во 11:30ч. пристигна на место на несреќата, каде врз две лица (машко и женско), и двете со политрауми, им беше укажана прва помош и согласно протоколот за ваков вид интервенции истите беа целосно имобилизирани и со теренско возило транспортирани до возилата на итната помош, кои чекаа на најблиската пристапна точка. Во 12:10ч. двете повредени лица беа предадени на ИМП и пренесени на понатамошен болнички третман, соопштуваат од Планинската спасителна служба.

Оттаму апелираат до туристичките работници и до лицата кои се корисници на услуги во авантуристичкиот туризам, да ги почитуваат и строго да се придржуваат до безбедносните правила, а во случај на несреќа, особено од ваков вид, каде најчесто станува збор политрауми со можни сериозни последици, веднаш да ги алармираат нивните тимови.