(ФОТО) Специјалната обвинителка Фетаи шета на меѓународни семинари, дали е во изолација?

И покрај препораките на Владата да не се патува надвор од државата во услови на пандемија на коронавирусот, Фатиме Фетаи учествувала на симпозиумот „Crime Prevention through Criminal Law & Security Studies“ оддржан во Дубровник, Хрватска во периодот од 8 до 14 март 2020 година.

Дали Фатиме по враќањето во државата се пријавила на властите и согласно препораките е ставена во изолација⁉️, се прашуваат корисниците на социјалните мрежи, во чии постови се приложуваат и фотографии од настанот.

Според препораките за постапување во услови на пандемијата од короанвирусот, на македонските граѓани не им се препорачува патувања во странство, на кои им се препорачува останување во земјите во кои се нашле во следните три месеца. Доколку се вратат во земјата, пак, треба да ги известат за тоа наделжните институции и да минат две недели во самоизолација.

Од тука, се поставува прашањето дали обвинителката Фетаи го останала две недели во самоизолација. Колку што е познато, и во овој период се одржуваат рочиштата од случаите од надлежноста на Специјалното јавно обвинителство, во кои некои застапник на обвинителството е токму Фетаи.

 

t;