![zoi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/02/zoi1.jpg?resize=696%2C478&ssl=1)
По 17 дена одмерување на силите во зимски спортови, потрошени 50 милијарди долари, околу 3.000 натпреварувачи, низа контроверзии, закани и грешка уште на самиот почеток, синоќа спектакуларно беа затворени најскапите зимски олимписки игри во Сочи.
Русите покажаа дека имаа одлична смисла за хумор, па на своја сметка, се пошегуваа за грешката на отворањето, кога не светна еден од олимписките кругови, односно Америка.
Домаќинот доминираше на Олимпијадата со освојување на 33 медали, од кои 13 златни.
Повторно продефилираа државните знамиња, а овој пат ги носеа најуспешните во тимот.
Затворањето на Олипијадата беше своевидна бајка, раскажана преку најумешните танчери, а при тоа оддвајаќи почит на истакнатите Руси.
„Организаторите го исполнија тоа што го ветија. Му се заблагодарувам на претседателот на Русија, Владимир Путин кој лично се ангажира. Олимпијадата да помине во најдобар ред. Ги прогласувам Игрите за затворени и ве поканувам на следните во Пјонгјанг“, изјави првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах.
Крајот на Олимпијадата беше означен со традиционалното спуштање на олимпиското знаме и гасење на олимпискиот оган кој потоа го предадоа на следниот домаќин, јужнокорејскиот град Пјонгјанг во 2018 година.