ФОТО: Спортскиот центар на Пандев што се гради

Македонската фудбалска ѕвезда Горан Пандев, започна со изградбата на најавениот Спортски фудбалски комплекс во својата родна Струмица.

pandev-2

Центарот според идејното решение треба да содржи зграда со сместувачки апартмани, базенти, теретани сауни и фитнес центар. Комплексот ке има и фудбалски терен на вештачка трева со трибински простор од 400 седишта,пишува Курир.

Идејното решение на македонскиот интернационалец е направено според италијанските стандарди за изградба на вакви фудбалски комплекси, кои треба да служат за подготвителниот период на фудбалерите, како и за одигрување на официјални фудбалски натпревари.

pandev-3

Пандев моментално заедно со своето семејството е во Струмица од каде ги следи активностите околу почетокот на изградбата на овој спортски објект, кој ќе биде веднаш до Спортската сала „Парк“ во Струмица.