![0nagbvt1p2nc98gfw9kkpuwbabsux4tn](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/0nagbvt1p2nc98gfw9kkpuwbabsux4tn.jpg?resize=565%2C353&ssl=1)
Повеќе од 170 елитни и скапи спортски автомобили требало да учествуваат во незаконското возење низ центарот на руската престолнина Москва, објавија во неделата службите за спроведување на законот пренесува агенцијата ТАСС.
„Според првичните сознанија повеќе од 170 елитни скапи странски автомобили требало да учествуваат во трките во центарот на главниот град… Возачите на овие автомобили се проверуваат на алкохол и наркотици, а автомобилите за незаконски модификации и незаконски измени во дизајнот на возилата“, го цитира агенцијата извори од московската полиција.
Според соговорникот, меѓу автомобилите кои требало да учествуваат во трката дека се возила од скапите марки како „Lamborghini“, „Rolls-Royce Phantom“, „Ferrari“, „Mercedes-Benz G63 Brabus“, „Porsche“, „Hummer H1“, „Chevrolet Covette. C8“, „Audi RS5“, „Bentley Continental GT II“….
Претходно беше објавено дека московската полиција ги спречила одржувањето на неодобрената трка со спортски автомобили во центарот на Москва, како и дека учесниците во нелегалниот собир биле идентификувани, спроведени на идентификација во полицијата и се соочуваат со административна одговорност.
Според сознанија, на скапите автомобили кои требало да бидат возени во центарот на Москва требало да бидат поставени налепници со натписот „Богати и успешни“. По најавите на социјалните мрежи, градските власти ги предупредиле евентуалните учесници дека настанот е незаконски и неодобрен.
Од отворени извори се наведува дека организатор на трката на сопствениците на спортските и ексклузивни автомобили под наслов „ First Club Rally“, е претприемачот Алексеј Хитров. Учесниците најавија дека во неделата ќе се одржи најголемото автомобилско рели на ексклузивни автомобили од градови ширум Русија.