Околу 1.000 банки во Грција повторно беа отворени за пензионерите што немаат картички од банкомати да ги уновчат своите пензиски чекови, а пред банките се создадоа огромни гужви. Како што јавуваат одделни медиуми, пензионерите денес може да подигнат најмногу до 120 евра.
Пензионерите добиле бројчиња и чекаат во редици за исплата. Голем број од нив уште синоќа отидоа пред банките, каде им беше речено да се вратат и да дојдат еден ден подоцна.
За да се забрза процесот, банките одлучија да ги примаат пензионерите по азбучен ред, но тоа доведе до уште поголем хаос.
Инаку, банките во Грција беа затворени од понеделникот, откако владата нареди поригорозни правила во овој сектор, поради кризата во земјата.