ФОТО| Стивен Сигал во посета на проруски Донбас

Американскиот актер и ѕвезда на акциони филмови Стивен Сигал, познат како голем пријател на Русија и почитувач на нејзиниот претседател Владимир Путин, ја посетил отцепената доминантно руско и рускојазична украинска југоисточна област Донбас, објавија во вторникот од руската Либерално-демократска партија на Русија (ЛДПР).

Сигал во 2016 година доби руско државјанство и поради руско потекло, е специјален пратеник на руското Министерство за надворешни работи за руско-американски хуманитарни односи, а минатата 2021 година беше објавено дека станал член на руската партија „Праведна Русија – за вистината“, која се занимава со еколошки прашања. Во октомври 2020 година, претседателот Путин му се заблагодари на Стивен Сигал за учеството во акцијата за зачувувањето на Бајкалскиот омул. Глумецот го посети Бајкалското Езеро летото 2020 година, па и изрази желба за развој на својот деловен проект, патем проследен и со лекции по боречки вештини за тамошните млади.

„Сигал долета заедно со (лидерот на ЛДПР и шеф на Комитетот за меѓународни работи на Државната дума, Леонид) Слуцки во истражниот затвор…“, го цитира партиското соопштение агенцијата ТАСС.

Како што објави на својот профил на платформата Telegram, познатиот руски телевизиски новинар Владимир Соловјов, Сигал „ги посети урнатините на притворското одделение во кој беа држени заробениците од Мариупол, меѓу кои и милитантите од украинскиот националистички полк Азов“.

„Актерот непосредно со запознал со доказите, вклучително и со фрагменти од американските проектили (HIMARS) кои ја потврдуваат вмешаноста на Киев во масакрот над сопствените војници“, се додава во соопштението во кое се поместени и фотографии на Сигал и во заднина оштетената зграда на затворот во Доњецк.

Во вторникот беше објавено дека водството на партијата ЛДПР заедно со група странски новинари и стручњаци го посетиле истражниот затвор во областа Волнофаха, каде што се сместени заробените борци на украинскиот ткн „баталјон Азов“ кој Русија го стави на листата терористички и неонацистички организации.

На 29-ти јули беше гранатиран истражниот затвор близу местото Еленовка во Доњецк, во кој сепаратистичките проруски сили ги чувале украинските воени заробеници. Ударот бил врз блокот во кој биле чувани 193 заробеници, повеќето од „Азов“ и притоа во ракетниот напад загинале 50 Украинци, а уште 73 воени заробеници и осум затворски чувари со тешки повреди се хоспитализирани.

Киев првично тврдеше дека руските сили го гранатирале затворот за наводно да ги сокријат трагите од наводните измачувања и воени злосторства. Но руското министерство за одбрана презентираше докази дека прецизниот удар бил нанесен со проектили кои се користат во мобилните повеќекратни ракетни системи со долг дострел HIMARS и го обвини Киев дека со тоа ги заплашува украинските заробеници да не даваат докази за воени злосторства сторени од страна на украинските сили, како и да се испрати порака на украинските војници да не се предаваат.

Москва, исто така, покани меѓународен тим стручњаци на Обединетите нации и на Меѓународниот комитет на Црвениот крст непосредно да се запознаат со доказите и да извршат инспекција во Еленовка.