(ФОТО) Стогодишен Кинез излекуван од коронавирусот

EPA-EFE/STRINGER CHINA OUT

Стогодишен жител на централната кинеска провинција Хубеи, жариштето на епидемијата на новиот тип коронавирус од крајот на декември, закрепнал од заразата и бил отпуштен од болницата во градот Вухан во саботата, пренесува кинеската новинска агенција Xinhua.

Според информацијата, Кинезот бил најстариот пациент кој се опоравил по инфекцијата со коронавирусот Covid-19. Мажот бил хоспитализиран на 24-ти февруари, со симптоми на зараза со вирусот.

Во текот на неговото лекување не била користена само стандардната антивирусна терапија, туку и традиционалната кинеска медицина и постапката за трансфузија на плазма.