ФОТО: Страшно во Ѓорче Петров – „Талија“ однесе кров од зграда

Кровна конструкција од станбена зграда во скопската населба Ѓорче Петров целосно била откорната од силниот ветер, во невремето кое денеска го зафати македонскиот главен град.

Среќа во несреќа е што кога кровот паднал пред зградата, не однел човечки живот, туку само оштетил два паркирани автомобила. Половина од кровот виси на гранки од дрвјата пред зградата и претставува голема опасност.

Жителите на зградата на улицата Виа Егнација, велат дека фирмата која им го монтирала кровот пред околу две години, повеќе не постои. Тие веднаш телефонски го побарале сопственик, кој им рекол дека ја згаснал својата фирма. На местото на настанот полициска екипа извршила увид.

krov1

krov3

krov4

krov5

krov6

krov7

krov8