ФОТО: Страв во Хрватска: Од WC школка излегле стотина змии

Сопственичка на една куќа кај Осјек, Хрватска доживеала шок кога пред десет дена здогледала змија во во тоалетот. Таа поставила лепак на плочките, на кој подоцна се залепиле стотина змии.

Кога мислела дека проблемот е решен, одлучила да се искапи.

2

„Змија ми излезе од сифонот. Толку се исплашив што во паника седнав на велосипед и возев 30 километри, до Осјек. Само во еден ден, кога на мој повик дојдоа пожарникарите, имаше залепено шеесетина“, вели сопственичката.

Шокирани биле и пожарникарите, кои тврдат дека проблемот бил во нестручно направената септичка јама, јавуваат хрватските медиуми.

3

„Плитка е и обложена со шупливи цигли, кои се идеално живеалиште за змии. Водата во јамата била на високо ниво и малечките змии низ неа и канализациските и водоводните цевки се пробиле до бањата“, велат тие.