Ова дефинитивно е најголемиот обожавател на контроверзната пејачка Мајли Сајрус.
Започнал со собирање на нејзини фотографии и интензивно гледање на видео спотовите и интервјуа. Опсесијата на 40-годишниот Карл МекКоид започнува во 2009 година, а денеска на своето тело има дури 22 тетоважи со ликот на пејачката, нејзиното име и стихови од нејзините песни.
Тој раскажал дека неговата опсесија со Мајли не била причина за разводот од сопругата во 2011 година, но таа рекла дека неговиот интерeс кон 21-годишната пејачка е малку чуден.
Според медиумите кога славната пејачка слушнала за Карл и неговите тетоважи рекла дека тоа е морничава.