![4](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/06/48.jpg?resize=612%2C318&ssl=1)
Свештеникот Јорге отворено говори на Фејсбук за она што го сака. Со своето однесување ја шокира заедницата, но вели дека не се кае поради тоj.
Јорге Мануел Гевара Корона од Мексико ја шокираше заедницата со својата љубов кон жените и брзите автомобили. Тој за сето тоа отворено зборува на Фејсбук. Неговите контроверзни коментари се повод за бројни расправи.
Во градот Гвадалупе стигнал пред една година и веднаш погрешил. Објавил фотографија на жена со коментар „Ммм Мамасита“. Пријателите му напишале дека никогаш нема да се промени, на што тој им напишал „Амин“.
На една од фотографиите ја искажал и својата љубов кон неговото „ауди“. Се сликал лежејќи на хаубата на автомобилот, а покрај сликата напишал „Засекогаш среќен“.
Еден од Фејсбук пријателите го прашал „Оче дали овој автомобил го заработивте? Не знам колку еден свештеник може да заработи, но познавам неколку и тие се навистина скромни, па немаат пари за вакво нешто“.
На неговото однесување се посветил вршителот на должноста на локалната Католичка црква. Неговата љубов кон жените тој ја гледа како израз на почитта кон Бога кои жените ги создал толку убави.