(ФОТО) Таблата на училиштето „Петар Здравковски-Пенко“ е вратена на своето место

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели статус во кој пишува дека таблата на основното училиште Петар Здравковски-Пенко во општина Бутел повторно е на своето место.

-Успеавме, таблата на Петар Здравковски Пенко во Скопје Север општина Бутел повторно е на своето место.

По неколку месечна интензивна реакција со голема веројатност нарушивме некои непринципиелни планови за шверцерско менување име на основно училиште, денеска е вратена таблата на јунакот Петар Зравковски Пенко во истоименото училиште во Општина Бутел.

За жал сеуште ја нема неговата биста, очекуваме во најбрзо можно време бистата да биде на своето место.

Единствено што пречи на оваа табла е “Северна” но и тоа ќе го промениме 💪
Никогаш “северна” само Македонија !

Нема да дозволиме да бидат нарушени поставените правила и односи, секогаш кога е потребно тука сме соодветно да реаѓираме.🇲🇰, стои во неговиот пост на Фејсбук.