![Damask ambasada Iran](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/Globe-ambasada-Iran-Damsk.jpg?resize=696%2C489&ssl=1)
Иранскиот министер за надворешни работи во понеделникот ја повика меѓународната заедница „сериозно да одговори“ на израелските напади во Дамаск во кои загинаа најмалку пет членови на Револуционерната гарда, вклучително и еден командант.
Шефот на иранската дипломатија Хосеин Амир-Абдолахиан во телефонски разговор со сирискиот колега рече дека нападот врз анексот на иранската амбасада во Дамаск го смета за „кршење на сите меѓународни обврски и конвенции“. Го припиша нападот на Израел и нагласи дека е потребен „сериозен одговор од меѓународната заедница на ваквите криминални дејствија“, се вели во соопштението.
Најмалку осум лица се убиени во понеделникот во напад на анексот на иранската амбасада во Дамаск што му се припишува на Израел, објави Сириската опсерваторија за човекови права.
Меѓу загинатите е командантот на Иранската револуционерна гарда, според иранската државна телевизија Irib, и уште петмина членови на оваа елитна иранска воена форманција и двајца ирански советници.
„Иран го задржува правото да преземе реципрочни дејствија по израелскиот напад во Дамаск“, изјави и портпаролот на Министерството за надворешни работи. „Техеран ќе одлучи за видот на одговорот и казната против агресорот“, нагласи тој.
Најмалку осум лица се убиени во понеделникот во напад на анексот на иранската амбасада во Дамаск што му се припишува на Израел, објави Сириската опсерваторија за човекови права. Тоа е петти напад во последните осум дена врз Сирија, чиј претседател Башар ал Асад е поддржан од Иран и неговите сојузници во регионот.
„Израелскиот непријател изврши воздушни напади од окупираната Голанска Висорамнина, гаѓајќи го анексот на иранската амбасада во Дамаск“, соопшти сириското Министерство за одбрана, додавајќи дека во нападот има неколку загинати и повредени.
Зградата се наоѓа во Мазех, област во која се наоѓаат странските амбасади и зградите на Обединетите нации, а во нападот е целосно уништена.
„Сите што беа во него беа убиени или повредени“, велат од министерството.
Сирискиот министер за надворешни работи Фајсал Мекдад остро го осуди нападот.
Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR), невладина организација со седиште во Велика Британија која дејствува под закрила на британските тајни служби, со голема мрежа на извори во Сирија, соопшти дека осум лица загинале во напад на „израелски проектили“ во Дамаск.
Иранската новинска агенција Nour објави во Техеран дека иранскиот амбасадор во Дамаск, Хоесин Акбари и неговото семејство не се повредени во „израелскиот напад“. Меѓу загинатите е и командантот на Иранската револуционерна гарда, според иранската државна телевизија Irib.
Станува збор за бригадниот генерал Мухамед Реза Захеди, еден од главните команданти на силите Кудс на Револуционерната гарда. Силите Кудс имаат задача да дејствуваат надвор од Иран. Меѓу загинатите има пет членови на Револуционерната гарда и двајца ирански советници.