Телата на 20 од 43 Малезијци кои загинаа при падот на авионот МХ17 пристигнаа во Куала Лумпур.
Телата со авион беа пренесени на аеродромот во главниот град каде присуствуваа официјални лица и роднини на загинатите. Денешниот ден е прогласен за ден на национална жалост.
Од Малезијците е побарано да носат црнина, откажани се сите фестивалски активности, а знамињата се на половина копје.
Малезискиот авион беше соборен во Украина на 17 јули на летот од Амстердам до Куала Лумпур. Сите 298 патници и членови на екипажот загинаа.