ФОТО: Терористичка закана во трговски центар во Брисел, едно лице е уапсено

Закана за бомба во трговски центар во центарот на Брисел. Како што јавува белгискиот портал Лалибре, во моментов на местото на настанот се екипите за брза помош, како и Единицата за уништување на експлозиви.

Според првичните информации осомничениот е уапсен и неутрализиран, а најверојатно на себе носел појас со експлозиви.

Премиерот на Белгија Шарл Мишел кој гостувал во утринската програма на Бел РТЛ во 7.50 часот набрзина го напуштил гостувањето и рекол дека ситуацијата во Трговскиот центар е мошне сериозна, а исто така закажана е средба и на кризниот штаб.

Во полицијата била пријавена сомнителна ситуација околу 5.30 часот утрово, изјавил портпаролот на бриселската полиција Илсе Ван де Кер.


Таа додава дека во моментов е обезбеден безбедносен периметар околу зградата, а операциите се сеуште во тек.