Сообраќајна несреќа попладнево се случила на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Млечен ресторан, во скопската населба Капиштец.
Од МВР за Курир потврдуваат дека имаат пријава за случена сообраќајка во која учествувале „Цитроен“ со тетовски регистерски ознаки и мотоцикл. Повеќе детали од полицијата најавуваат по завршување на увидот кој е во тек.
Порталот Лидер, кој објави фотографии од несреќата, пишува дека мотоциклистот се здобил со тешки повреди, фрактура на черепот и е хоспитализиран, а полесно повредена била и една девојка.
Официјална потврда за овие информации нема.