Тешка сообраќајна несреќа во саботата околу полноќ се случи во населбата Кисела Вода на булеварот „Борис Трајковски“.
Според информациите на порталот Курир, автомобил „мерцедес“ со штипски регистерски ознаки, најверојатно прво удрил во автобуската постојка, по што продолжил да се движи во паркот зад неа удирајќи во бандера и на крај се превртел на кров.
Бројот на евентуално повредени лица не е познат, бидејќи според неофицијални информации во возилото нема никој. Полициските екипи извршија увид на местото, а повеќе поединости се очекуваат денеска.