
Тетоважата на задникот на британската пејачка Шерил Кол чини колку еден автомобил.
Нејзините обоаватели останале без зборови кога таа објавила фотографија од тетоважата на својот задник, кој е целиот прекриен со рози.
Во интервју пејачката рекла дека „Нико Хуртадо, кој ја изработил тетоважата, е исклучителен уметник, чија работа е вредна секое пени. Само ќе кажам дека цената беше во илјадници фунти и веројатно за тие пари би можело да се купи одличен автомобил“.